Градба Јасен - Историја
Умеењето да се ужива во животот и да се радува на домот и малите нешта во него е смислата на животот. Секој човек има потреба да живее во удобен и пријатен дом и да работи во пријатен и инспиративен амбиент, се со цел да ужива во животот.
Градба Јасен од Прилеп беше и сеуште е една од позначајните фирми за трговија на големо и мало со градежни материјали, градба на објекти за домување и работење и за производство на градежни материјали во Р.М. Едни од приоритетните дејности во последно време се зидање со паробетонски блокови Итонги Сипорекс, уредување на ентериери со Ригипс и Кнауф системи за сува градба, со сите потребни елементи, изработка на фасади со термоизолација и готови малтери, фасади од готови полимерни материјали и друго.
Фирмата е основана во почетокот на месец фебруар 1990 година и е регистрирана со цел промет со градежни материјали, огрев и железарија. Трговија на мало со овие производи ја обавуваше и денес ја обавува во 2 стоваришта со преку 870 различни артикли од областа на градежништвото, метали и неметали и друго. Стоките кои ги нудиме се со проверен квалитет од познати и признати производители во земјата и странство. Како плод на долгогодишно успешно работење Градба Јасен има склучено договори од посебен ексклузивитет од повеќе фирми.
Следејќи ги потребите на пазарот во 1995 година фирмата започна со производство на повеќе производи кои наоѓаат примена во градежништвото. (ферт гредички, подни бетонски плочки, глет маса, Ку и Р мрежи). Со текот на работата готовите производи од Грдаба Јасен наоѓаат се поголема примена во градежништвото, благодарение на високиот квалитет и пристапните цени. Овие десетина производи се применуваат како во високата градба така и при уредувањето на ентериери и екстериери.
Со добивање на екслузивното право за застапување и продажба на веќе познатиот градежен материјал Итонг. Градба Јасен направи чекор напред докажуваќи се како градежник со овој висококвалитетен производ. Во Р.М. изградени се доста објекти: стамбени згради, деловни простории, магацински простори за кои инвеститорите од Прилеп, Битола, Охрид, Скопје и други градови позитивно се изјаснија. Покрај изградба на нови објекти Градба Јасен врши санација, реконструкција и доградба на стари загради и други објекти. Градба Јасен се специјализира за изработка на базени коплет во сите видови и форми. Во 2008 година градба јасен го изработи и првиот објект целосно со природен камен (референтна листа).
Во делот на внатрешното уредување Ригипс и Кнауф плочите најдоа извонредна примена во ентериерното уредување на просторот. Со сувата градба-монтажа, лесно и брзо се доаѓа до бараниот ефект. Исто така паралелно екипите на Градба Јасен монтираат парно греење, одвод, довод, соларни системи, електрични инсталации и врши екстериерно уредување на фасади дворови и сл. Градба Јасен за решавање на сите зададени ексериерни и ентериери задачи користи високостручни кадри дизајнери и архитекти како свои стручни соработници.
Градба Јасен контирануирано сиве овие години е перманентно присутна на специјализирани саеми за градежништво ширум Европа се со цел да биде во чекор со најновите достигнувања од полето на градежништвото и изнаоѓање на адекватни материјали и нивна примена.Особено максимално сепосветува внимание на производи кои овозможуваат хидротермичка (и звучна) изолација зо кои изолации се заштедува на потрошување на енергија од сите видови.
ВАШИТЕ ЖЕЛБИ И СОН ЗА УБАВ ДОМ ЌЕ БИДАТ ПРЕДИЗВИК ЗА НАС
ПОВЕЛЕТЕ КАЈ НАС, ИСПОРАКА И ВГРАДУВАЊЕ ПО ДОГОВОР (можи и по интернет)
ПОВЕЛЕТЕ КАЈ НАС,
БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА.